За било какво насилство нема оправдување. Протестите треба да бидат европска критика, а не да се киднапираат од деструктивни центри. Истовремено, владата мора да забави и да ги слушне граѓаните.Чекорот назад е чекор напред. Инаку и оние кои ја бранат Македонија и оние кои ја бранат европската иднина, што секако се целосно компатибилни цели, ќе бидат губитници.Неопходно е обновување на дијалогот, но предуслов за тоа е запирање, повлекување наназад и опсервација со ладна глава. Нам сега ни треба време за да не се удриме во ѕид. Нужен е процес на широки консултации, реален и суштински, без брзање и паника – пишува поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
Тој вели дека пред граѓаните треба искрено да се образложи состојбата, можните опции и нивните последици. Потоа преку дијалог, дебата и мудрост да се изнајде решение кое ќе биде засновано врз сеопфатна стратегија. Само одлука постигната на ваков начин, каква и да е, ќе биде прифатена како легитимна.
Субјект кој ќе понуди платформа за ваков пристап, ќе демонстрира врвна државничка мудрост. Само така народот ќе застане зад решението.
Вака како што е сега е погубно за сите. Се создава лажна дихотомија и наратив на „се’ или ништо“ и „сега или никогаш“ со што се продлабочува веќе постоечката поларизација. На крајот сите ќе бидеме губитници – наместо силна држава во ЕУ, ќе имаме раскарана, поделена, нестабилна држава која и да ги исполни новокомпонираните критериуми за “добрососедство”, ако воопшто дојде дотаму, ќе падне на испитот за демократско владеење и стабилност на институциите.
Никогаш не е доцна. Во крајна линија, тоа дополнително време и ангажман ни го должат и од ЕУ, после 17 години чекање. Оти вака, после овие посети на Скопје, ќе прогласат набрзина успех и ќе не’ заборават, ама кога ќе дојде работата во безизлез и плачки, ќе ја криват Македонија.
Можеби пак ако имаме време ќе најдеме сите заедно и креативни решенија што ќе бидат добри. На пример, зошто да не пробаме да обезбедиме унилатерални декларации од сите 26 земји членки (без Бугарија) со кое го прифаќаат нашето неприкосновено право на самоопределување/самоизјаснување и неговиот израз – македонскиот јазик? Можеби Софија ќе размисли дали вреди нивната негаторска изјава во вакви околности … Можеби ќе разбере дека со таа навреда нема никогаш да бидеме вистински пријатели? – коментира Димитров.
Comments are closed for this post.