Европеизацијата на македонското општенство не смее да чека, а нашиот план е мапирање на некои проекти кои сакаме да ги реализираме во овој мандат. Во октомври добивме одличен извештај, а тој патоказ од Брисел имаме намера да го искористиме за да влијаме врз процесите дома, рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на денешната конференција.

Ги консултираме најдобрите европски практики. Борбата против корупцијата и секторските политики продолжуваат. Можеби ова звучи апстрактно, но европеизацијата на нашата држава е процес кој се движи само напред. Има пречки и предизвици, но нема алтернатива и нема друг правец. Одиме напред, ќе си ја донесеме Европа дома – рече Димитров.