Да се префрла несразмерна вина на Бугарија за депортацијата на Евреите од територијата на денешна Македонија е несериозно, изјави денеска Ангел Димитров, копретседател на Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, како реакција на денешниот говор на претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето – 80 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка.
Македонскиот претседател побара извинување од Бугарија за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.
Така да се зборува за Бугарија е крајно неприфатливо, дури и неточно од страна на политичар со огромна одговорност, чија цел треба да биде воспоставување добри дипломатски односи меѓу нашите две земји, вели професорот за „БТА“.
Comments are closed for this post.