Јас не сум доволно стручен за да дадам таква оценка дали имало или немало хакерски упад во Давната изборна комисија, изјави за Пресинг Тв, нејзиниот прв човек Оливер Дерковски.

Тој признава дека во ДИК имале сериозни проблеми со серверот и оти по интервенција на ИТ службата набавиле се што од таму побарале, вклучувајќи и нов сервер.

Одлучивме по завршувањето на изборниот процес да спроведеме постапка и да провериме дали имало или немало хакерски упад во ДИК, зашто и ние ги слушаме таквите информации, вели Дерковски.

Покрај прибирањето лични податоци преку Гугл плеј стор апликацијата „Избори 2019 година“ од страна на владејачкиот СДСМ, уште пред две недели во Државната изборна комисија бил извршен хакерски упад, обелодени претставникот на изборниот штаб на професорката Гордана Силјановска Давкова, Горан Момироски. Според него, за тоа не е направена ниту форензична истрага.

Според нашите информации, МВР се уште не утврдило како се случил тој напад и дали има поврзаност со апликацијата на СДСМ. Уште една работа да потсетам, лицето кое што во 2016-та година било претставник на Социјалдемократскиот сојуз во комисијата во ДИК, која што ги прочистувала изборните списоци и имала пристап до целата евиденција и матичните броеви на граѓаните, е автор на апликацијата при која што СДСМ собирала и прибирала информации од граѓаните и ги пренесувала на серверот на СДСМ“, изјави Момироски.