Денеска треба да започне трансферот на предметите на Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство.Од СЈО велат дека се подготвени веднаш да ги предадат предметите по кои постапува со сите списи и докази.
Ова следува откако Специјалната обвинителка Јанева од притвор во Шутка побара префрлање на предметите.
Јавниот обвинител Љубомир Јовески вчера за Пресинг ТВ изјави дека писмата на Катица Јанева имаат различни датуми и немаат печати, но се легитимни.
Според него, печат не можело да имаат, зашто Јанева се наоѓа во притвор. Меѓутоа, секое лице во притвор може да комуницира со кого сака, а во случајот коресподенцијата на Јанева со СЈО и ОЈО се одвивала преку судија на истражна постапка.
Comments are closed for this post.