Во последните 24 часа се направени 1325 тестирања и регистрирани се три нови случаи на коронавирус, сите во Скопје.
Министерството за здравство информира дека се регистрирани и 45 оздравени пациенти: Скопје – 24, Битола – 6, Куманово и Радовиш – по 4, Виница – 3, Тетово, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1.
Пријавени се вкупно пет починати лица: по едно лице од Скопје (72г), Радовиш (81г), Тетово (69г), Штип (50г) и Пробиштип (72г).
Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 4 во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 796.157 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150.
Comments are closed for this post.