Иако владините министри одамна се на терен,денеска официјално почнува кампањата за претстојниот референдум на кој граѓаните на 30 септември треба да се изјаснат дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција.
Односно дали се согласуваат да се смени името на државата со цел исполнување на еден од главните услови за влез во ЕУ и НАТО. Во кампањата ќе се вклучат 71 пратеник од сите пратенички групи, со исклучок на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која го извести Џафери дека нема да учествува.
Comments are closed for this post.