Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување на испитувањата на јавното мислење.

Согласно Изборниот законик, анкетите може да се објават најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласање, односно најдоцна до полноќ на 15 април.

Изборниот молк почнува 24 часа пред денот на гласањето и завршува со затворањето на избирачките места во 19 часот на 21-ви април.

Радиодифузерите за време на изборниот молк продолжуваат  да известуваат за активностите на ДИК и з аизборниот процес на денот на гласањето, но не смат да објавуваат какви било информации, фотографии, аудио и аудио-визуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите: какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат на одлуката на гласачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поедници вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборната кампања, од претсавници на политичките партии и од носители на функции во органите на власта“, потсетуваат од Агенцијата.