Од ВМРО-ДПМНЕ за денеска најавуваат објавување нова афера – „Тајни имоти“, за тоа кој што крие во власта и како институциите учествуваат во криење имот, наместо да го спроведуваат законот.

Како што највија од партијата, деталите за аферата јавно ќе ги презентираат на пладне.

Институциите не си ја вршат работат и трпат незаконитости и криминал.

 

Група луѓе од СДС и ДУИ наместо во служба на народот работат за себе.

 

За функционери од власта не важат законите, а институциите не постапуваат кога се тие во прашање.

 

Во понеделник во 12 часот ќе откриеме како се крие имот и како власта работи за себе.

 

Аферата Тајни имоти е тешка неколку милиони евра. Затоа Македонија наместо да оди напред тоне – најавија од ВМРО-ДПМНЕ.