Претседателот на Собранието Јован Митрески за денеска во 11 часот ја закажа пленарната седница за избор на техничката влада, откако мандатарот Талат Џафери го доставил предлогот за состав и програмата на преодната влада, информираат од Кабинетот на Митрески.
За премиер на техничката влада се предлага Талат Џафери. За министри се предлагаат Славјанка Петревска за ресорот одбрана, Панче Тошковски ќе раководи со Министерството за внатрешни работи, Кренар Лога со Министерството за правда, додека Артан Груби со Министерството за политички систем. Бујар Османи останува министер за надворешни работи, Фатмир Бесими ќе раководи со финансии, Јетон Шаќири со образование, а Ѓоко Велковски со труд и социјална политика. Ристо Пенов продолжува да раководи со локална самоуправа, Бисера Костадиновска Стојчева со култура, Азир Алиу со информатичко општество и администрација, Благој Бочварски со транспорт и врски а Каја Шукова во ресорот екологија.
За министри без ресор предложени се Бојан Маричиќ задолжен за европски прашања, Фатмир Битиќи за економски прашања и Славица Грковска за политики за добро владеење.
Comments are closed for this post.