Православните верници денеска го празнуваат мал Свети Никола, денот кога моштите на светецот беа пренесени од Ликија во Бари. Овој ден се слави како мала слава.

Свети Никола се празнува во зима на 19 декември во спомен на смртта на светителот, а во лето на 22 мај, кога моштите на светителот биле пренесени  во тогашниот православен Бари во Италија во 1087 година.