Православните верници денеска го прославуваат празникот Духовден. Овој ден го симболизира симнувањето на Светиот дух и се слави како ден на Црквата. Овој ден нема никаква врска со Задушница која се одбележуваше вчера како што се народните верувања.

Духовден се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Овој е единствен од 12-те големи празници што нема претпразненство. Тоа се надоместува со фактот што во текот на целиот период од Велигден до Духовден се чувствува празничното расположение.