Премиерот Зоран Заев веерува во чуда, а пак координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев дека дека пратениците од СДСМ ќе го препознаат моментот. Во ваква атмосфера се очекува денешната седница по која многу работи ќе бидат појасни.
Доколку се исцрпат околу 15 пријавени за дискусија најверојатно ќе се прејде на гласање. Како што стојат работите до денеска, власта е далеку од потребното двотретинско мнозинство, односно од обезбедување неопходните 80 пратеници за уставни измени.
ВМРО-ДПМНЕ веќе се изјасни дека се откажува од дискусија и ќе гласаат против уставните измени.
Во тој случај речиси е сигурно дека Собранието ќе се распушти а претседателот Џафери ќе ги распише предвремените парламентарни избори кои според Уставот мора да бидат свикани најдоцна за 60 дена.
Како што најави Тунтев, иако според Пржинскиот договор ,техничката Влада треба да трае сто дена, тоа важи само за редовни избори, а овие ќе бидат предвремени и тогаш важат скратените рокови.
Според календарот, доколку денеска не се случи чудо, на избори би можеле да одиме најдоцна до 9 декември.
Comments are closed for this post.