На 25 мај, Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) ќе избере нов претседател, а според направените анкети на социјални мрежи и политичките анализи, најсериозен кандидат за лидерската позиција е проф. д-р Муедин Кахвеџи.

Проф. д-р Кахвеџи има богато искуство во јавната администрација и државните институции. Тој бил државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, директор на Педагошката служба, како и секретар за организација и администрација во Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија.

Во рамки на ДПТМ, проф. д-р Кахвеџи важи за еден од најистакнатите кадри – поранешен претседател на најголемиот партиски огранок во Гостивар, а досега ја извршуваше функцијата потпретседател на партијата.
Според неодамна направените анкети на туриските медикуми во Македонија, конкретно на тмедиумот timebalkan.com, кандидатот Кахвеџи води спрема останатите и тоа со огромна разлика
Comments are closed for this post.