Трендот на светските државници почнаа да го следат и македонските политичари. Активни и поранешни политичари почнаа да објавуваат книги во кои ја кажуваат својата приказна за теми од политиката, но и да ги објавуваат своите научни трудови.

Па така, на годинешниот саем може да се забележат дела од неколкумина политичари од македонската сцена. Тоа се поранешните премиери Никола Груевски и Љубчо Георгиевски но и првиот претседател на Собранието Стојан Андов.

Груевски e aктуелен со книгата „Искуства за иднината“ која е негов докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“.

Издавачот „Ѓурга“ вели дека за книгата на Груевски, како и за на Љубчо Георгиевски постои голем интерес кај читателите и добро се продаваат. Посетителите на Саемот на штандот на издавачот ја разгледуваат неговата книга, ја прелистуваат и фотографираат.

Георгиевски пак е актуелен со неговата нова книга „Мојата македонска приказна“. Во книгата авторот прашува „Каде одиш Македонијо“ и говори за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ, проблемите со кои се соочувале при создвањето на партијата, како и за тоа што помина Македонија од независноста.

Ова не е прва книга на Георгиевски. Тој пред дестина година имаше книга „Тоа сум јас“ во која зборуваше за детството во родното Делчево, почетоците на политичката кариера, годиниите кога беше премиеер, како и за тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ ги загубила изборите во 2002 година.

Во 2009-та тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски десетина дена пред да замине од претседателската вила ја промовираше книгата “Записи за едно време – пет години на чело на Република Македонија.

Најголемо искуство меѓу македонските политичари како писатели има Стојан Андов.

Тој веќе има издадено десетина книги во кои ги опишува првите години од независноста на Македонија, а последното дело во кое зборува за атентатот на првиот претседател Киро Глигоров е забранета од Судот на барање на Љубомир Фрчковски.

 

Книга кон крајот на минатата година издаде и новиот претседател Стево Пендаровски, наречена „Поглед одвнатре“ во кои се собрани авторски текстови кои ги објавувал во дневните весници изминатите години