СДСМ пред четири години и СДСМ вчера. Многу изневерени очекувања, афери, предавства, лаги, лажни остварувања, ароганција. Кога ќе се сведе сметката, сево ова го чини СДСМ 67.338 гласови помалку во првиот круг на изборите за градоначалници, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија. Сепак, од неколку скопски општини сè уште не се пребројани 100% од гласачите, па разликата се очекува да биде околу 65 илјади гласови според проекциите.
Најмногу гласови СДСМ загуби во Аеродром, каде што Златко Марин пред четири години победи со 22.559 гласови, а сега Александар Филиповски има освоено 6.642 гласови по пребројани 77,42% од гласовите.
РАЗЛИКА 15917 ГЛАСА
Во Карпош, Стефан Богоев победи со 21.278 гласови, а Душко Весковски собра 9.160 гласови, по пребројани 95,95% од гласовите.
РАЗЛИКА 12.118 ГЛСА
Во Кисела Вода, Филип Темелковски минатите избори победи со 17.154 гласови, додека истиот кандидат сега има 7.691 глас по пребројани 100% од гласовите.
РАЗЛИКА 9463 ГЛАСА
Во Центар, Саша Богдановиќ победи со 17.916 гласови, а сега Горан Герасимовски има 8.160 гласови по пребројани 91,03% од гласовите.
РАЗИКА ОД 9756 ГЛАСА
Во Бутел, Велимир Смилевски пред 4 години победи со 10.063 гласови, а сега истиот кандидат има 6.831 глас по пребројани 100% од гласовите.
РАЗЛИКА ОД 3232 ГЛАСА
Во Гази Баба, Борис Георгиевски победи со 17.591 глас, а сега истиот кандидат освои 8.766 гласови по пребројани 100% од гласовите.
РАЗЛИКА ОД 8825 ГЛАСА
Во Ѓорче Петров, Александар Наумовски пред четири години победи со 13.155 гласови, а сега истиот кандидат собра 5.636 гласови по пребројани 88,68% од гласовите.
РАЗЛИКА ОД 7519 ГЛАСА
Во Шуто Оризари, Курто Дудуш во 2017 година победи со 3.763 гласови, а сега Ферат Асан освои 3.255 гласови, по пребројани 100% од гласовите.
РАЗЛИКА ОД 508 ГЛАСА
Во Сарај и Чаир, СДСМ немаше кандидати.
На ниво на Град Скопје, Петре Шилегов во 2017 година победи во првиот круг со 141.164 гласови, а сега по пребројани 94,31% од гласовите има 74.222 гласови.
РАЗЛИКА ОД 66942 ГЛАСА
Comments are closed for this post.