Даштевски, Гугучевска, Кондарко, Витановски, Шеху, Стојановски и уште осум други лица, ја сочинуваат кандидатската листа за членови на ДИК. За новиот состав конкурираат сите од актуелниот состав освен претседателот Оливер Деркоски. Комисијата за избори и именувања со 11 гласа „за“ даде едногласна поддршка за сите.
ВМРО ДПМНЕ, која го задржува претседателското место во Комисијата, ќе му даде поддршка на поранешниот член на ДИК Александар Даштевски.
За другото место веројатно ќе го предложи Бобан Стојаноски. Третото опозициско столче и припаѓа на Алијанса-Алтернатива, која ќе му даде поддршка на Кренар Лога.
Владеачките партии се уште одлучуваат. СДСМ треба да одбере тројца: „во игра“ се сите сегашни членови плус досегашната портпаролка Љупка Гугучевска-Филиповска и поранешниот заменик министер за правда Оливер Ристоски.
Кандидатите што ќе ги предложат партиите треба да добијат дво-третинско мнозинство. Мандатот на сегашниот состав истекува на 15-ти јануари. Беше избран пред нешто повеќе од две години, а прва задача му беше Референдумот за името во септември 2018-та.
Comments are closed for this post.