Епидемиологот Драган Данаиловски при вечерашното гостување во емисијата 360 степени и препорача на Комисијата за заразни болести да го смени начинот на водење статистика за починати од корона вирус.
Дефинитивно мора да се корегира начинот на регистрирање на причината за смрт од Ковид-19. Вака како сега што се прави, кога сите позитивни починати во државата, независно какви коморбидитети и независно од која причина умреле, се водат како Ковид-19, тоа само непотребно ја зголемува бројката на починати кај нас и споредено со другите земји излегуваме на врвот. Мора да се разграничат, кои се починати од Ковид како основна причина за смрт, и кои со Ковид. Тоа не значи дека евиденцијата за позитивните, за овие со Ковид ќе се изгуби. Таа ќе се регистрира и можат како посебен контингент да се соопштат. Ама кога смртноста се соопштува меѓународно дефинитивно е неопходно да се разграничат овие две категории, препорачува Данаиловски.
Comments are closed for this post.