Најавата на Артан Груби дека ќе биде прв вицепремиер и дека во новата влада сите одлуки ќе се носат во консензус со премиерот Зоран Заев помина незабележително во медиумите.

Никој не се запраша како тоа е можно бидејќи за првпат би се случило вакво нешто. Во сите досегашни влада имало вицепремиери но ниту еден немал зголемени надлежности ниту пак одлуките ги носел со премиерот што тогаш бил на функција.

Експертите се скептични како ова би функционирало и дали можеби Заев пак ќе се дрзне да го менува Уставот само да ги задоволи барањата на коалицискиот партнер без кој ќе беше невозможно да направи Влада.

Професорката Тања Каракамишева вели дека ова нема никаква правна основа и како планираат да го изведат.

Ова де факто значи дека Заев ќе биде комплетно врзан во својата работа со волјата на Груби. Ваква комбинација на претседател со вице-претседател со врзан потпис (консенсуално одлучување) не е ниту уставно, ниту законско решение, што значи дека де јуре не постои во нашиот систем-нагласува професорката за „Pressing TV“.