Голема заинтересираност за гласање во Карпош и Центар. Податоците на ДИК од пресекот во 15 часот. покажуваат дека правото на глас го искористиле 38,94% од запишаните гласачи во Карпош, што е повисоко од излезноста до 15 часот за време на првиот круг кога беа регистрирани 32,16 отсто од гласачите.

Најнезаинтересирани се жителите на Сарај. Таму правото на глас го оствариле само 15,96% од запишаните избирачи. Сепак, ова не изненадува, затоа што во оваа општина традиционално се гласа во мрак. Мора да се земе в предвид дека во оваа општина граѓаните избраа градоначалник во првиот круг. Денеска се гласа само за градоначалник на Скопје.

Исто така, градоначалник на општината и на градот избораат и центарци и чаирчани. Во Центар излезноста во 15 часот е исто така висока, 37,81%, а пак во Чаир изнесува 30,03%, што е за 5% повеќе отколку во истиот пресек во првиот круг. Во првиот круг во Центар, излезноста во овој пресек изнесувала 30,91%. И Шуто Оризари гласа за градоначалник и на општината и на градот. Таму излезноста е 21,55%.

Во другите општини најголема излезност има во Кисела Вода, 35,11%, потоа во Аеродром 35%, Ѓорче Петров 33,51%, Гази Баба 30,55%, Бутел 29,79% .