Се вжештува тензијата со клубот „Ванчо Михајлов“. Денеска со став на оваа тема излегоа претедателот на Бугарија Румен Радев, македонскиот Стево Пендаровски, премиерот Ковачевски и организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден- Пирин. Се чини дека најскандалозна е изјавата на Радев кој рече дека во Македонија имало концетрациони логори во кои биле убивани Бугари.
За Ванчо Михајлов Радев вели дека го одбил Хитлер да ја вклучи Македонија во братоубиствена војна со Бугарија.
На зборовите на Радев, рекација имаше претседателот Пендаровски.
Бројката од наводно убиени 10.000 Бугари е лага, гола конструкција за политички цели. Не постои ни еден релевантен историски извор, ни во бугарската, ни во македонската, ни во светска историографија дека 10.000 луѓе биле убиени во концентрациони логори во тоа време кај нас. Нешто што може да влезе во таа дефиниција на концлогор постоело во Хрватска на Голи Оток. На територијата на Македонија никогаш немало конц логори ни тогаш, ни денес.
Со остра реакција излезе и ОМО Илинден-Пирин.
Тоа е Радев, човек кој според своите изјави живее надвор од секоја сегашна и историска реалност по македонското прашање. Претседател на еврочленка, кој се труди да заштити еден соработник на Хитлер со небулозни аргументи, кој се обидува да ја прикрие неговата вина зашто демек не убивал во логори (ама има убиено илјадници преку тероризам: куршуми, бомби, согорување, живи закопани, пребиени со стапови и т.н. и кој верува во одвратната лага (во суштина говор на омраза) дека во Македонија илјадници биле праќани во логори и таму убивани зашто биле Бугари.
Единствено зачудува изјавата на премиерот Ковачевски кој најави дека ќе се испитува регистратијата на клубот за кој Министерството за правда даде негативно мислење.
Во однос на самото здружение кое е регистрирано, тоа подлежи на регистрација врз основа на законските прописи во државата. Нормално е дека како Влада ќе ги собереме сите информации кои се потребни во однос на регистрација на здруженија на граѓани. Во однос на користењето на имињата веќе имаше и од правни експерти одредени изјави и кога ќе ги добиеме сите информации идната недела ќе ве информираме за натамошните чекори, изјави премиерот
Comments are closed for this post.