Денеска нов состанок

Дали телото за помирување ќе го објави предлог законот за амнестија?

18.12.2018 / 9:52


Интерпартиската парламентарна група за помирување, интеграција и реформи денеска ќе го одржи третиот состанок на кој се очекува да биде разгледан Предлог законот за амнестија што го изготви Подгрупата за помирување.

Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи Подгрупата за помирување, по минатонеделниот состанок изјави дека е постигнат консензус за законот и со него нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието.

Сeкое лице опфатено со процесот ќе треба да поднесе барање за амнестија од понтамошната постапка. На овој начин сметаме дека процесот што треба да даде одговор за сето она што се случи на 27 април ќе продолжи и од таа страна ќе имаме правна завршница, правдата ќе си го најде местото, но секако и дел од лицата кои беа вклучени во настаните од 27 април ќе добијат амнестија и на тој начин е направен првиот чекор кон релаксација на односите во општеството односно на одредени поделби кои излегоа после овој настан, посочи Рамчиловиќ.

Појасни дека во текстот јасно е дефинирано кои лица ќе бидат опфатени со процесот по завршување на доказната постапка. Најдени се правни формулации врз основа на постоечкото обвинение и врз основа на друг член „здружување заради непријателска дејност“ може да го продолжи процесот.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Пратеничката група на СДСМ молчеше за Груби и не постави ниту едно прашање (ВИДЕО)

пред 9 мин.
Македонија

Денеска е Чист петок

пред 6 часа
Македонија

Мицкоски не ја исклучува можноста Груби да се врати во Шутка

пред 17 часа
Македонија

Мицкоски смета дека Филипче е исплашен од исказот од Груби

пред 18 часа
Македонија

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

пред 18 часа
Македонија

Повисокото јавното обвинителство, а не Советот на јавни обвинители биле надлежно за случајот „Груби“

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски му порача на Филипче дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира и следната влада

пред 1 ден
Македонија

Генералниот секретар на НАТО во вторник доаѓа во официјална посета на Македонија

пред 1 ден
Македонија

Кој го предаде Кузман Питу на Бугарите?

пред 1 ден
Македонија

Обвинителите не се откажуваат од повисоки плати

пред 1 ден