Во реакцијата од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски за аудио „бомбата“ за наводно договарање на тендер тој вели : „на состанокот НЕ СЕ ДОГОВАРА НИКАКОВ ТЕНДЕР“. Од друга страна пак во објавените аудио материјали , како што тврди Експерс се слуша како генералниот секретар споменува „Леонардо добива или би требало да биде избрана со одлука“ и исто така „Според првата точка АТМ системот, како што знаете Леонардо е најдобрата, победничка компанија која ќе победи на тендерот и некако ние сме заглавени во проецедурата“.
Ова како што објавија медиумите е доказ дека Рашковски сепак договарал тендер. Опозициската партија ги повикува надлежните во најбрз можен рок да покренат постапка и да го расчистат овој случајот.
„Доколку се покажат како вистините наводите во медиумите Рашковски е директен сторител на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од КЗ, според кој сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку 5 години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Експрес.мк на 18 октомври 2018 година генералниот секретар на Македонската Влада Драги Рашкоски заедно со претседателот на управниот одбор на М Нав Николче Тасески и шефот на кабинет на министерот за транспорт Митко Тајчулески договараат понуда за јавна набавка за нов АТМ систем за контрола на летање од италијанската компанија Леонардо.
Вкупната сума на набавката е 7 милиони евра, финансирани од ЕБРД. Иако наводно тие знаат дека компанијата не ги исполнува целосните критериуми , ја добиваат набавката.
Притоа во разговорот како што објавува Експрес,во разговор со претставници од „Леонардо“ Рашковски вели:
„Колку што знам мораме да пратиме писмо до ЕБРД и да им соопштиме дека Леонардо е компанијата која е прво квалификувана на надавањето и мораме да пратиме писмо на втората компанија Индра за да бидат информирани дека вие го добивте тендерот.
После овие техникалии прашањето кое мора да се реши, вие мора да го продолжете рокот на траење од понудата, мислам направивте едно продолжување досега, беше до 15 октомври и сега 3 месеци, но мислам дека подобро е продолжувањето да биде 6 месеци за да можете да ја завршите целата процедура.“
Инаку Експрес.мк вчера го објави разговорот наводно кој се води меѓу тројца високи државни функционери за тендер финансиран од Европската Банка за Обнова и Развој (EBRD).
Според порталот транскриптот и аудио формата се објавени без никакви промени, онака како што е доставен од свиркачи.
Во разговорот како што наведува медиумот има потврда за неколку прекршување на законот, расистички испади но и дискриминација на цели европски нации од страна на генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски. Рашкоски според законот нема никакви ингеренции да зборува или да одлучува за тендери на Акционерското друштво М НАВ.
Иако датумот за тендерот изминал за 3 дена и соговорниците го истакнуваат тоа во разговорот тие свесни дека го кршат законот сепак проектот го доделуваат на италијанската фирма.
По ова реагираше и самиот Рашковски.
Comments are closed for this post.