Досегашниот тек на судењето на случајот „Рекет“ открива неколку детали кои можат да го сменат целиот тек на настаните. Најголемо внимание предизвикува комуникацијата помеѓу Зоран Заев и Бојан Јовановски. Претходно Заев тврдеше дека никогаш не разговарал со Јовановски но од доказите кои ги презентираше Обвинителството од мобилниот телефон на Боки се покажува дека тие сепак имале комуникација и тоа не само еднаш.
Со Јовановски единствено имам разговарано, само еднаш за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале натамошна соработка, ниту формална ниту неформална. Уште еднаш, ги повикувам сите истражни органи во целост, ама во целост да ги истражат случајот и да носат одлуки. – ова изјави Заев, во август минатата година.
Бојан Јовановски пак во презентираниот доказен материјал на Заев му напиша.
Te молам да ме примиш.Твоето име никогаш не сум го злоупотребил и за се што сум знаел прво тебе сум ти пишувал.Јас ти пријател и другар и не се служам со дворски игри па те молам да се видиме.Ви кажува во име на познанството и меѓусебното почитување да ме примите.Никогаш не сум играл дупло. Не сум го злоупотебил вашето име-му пишувал Боки на Заев.
Покрај признанието на Заев дека ги видел доказите и оти станува збор за чист рекет, индикативно е што оваа преписка меѓу нив како доказ не е изведена од нивната директна комуникација туку од комуникацијата на Боки со мајка му на која и испратил принтскрин од разговорот со Заев.
Ова може да фрли сомнеж за што реагираше и Боки.
-Мојот телефон е селективно вештачен –рече Боки во судницата и побара неговиот телефон да биде целосно вештачен.
Дали тоа судот ќе го прифати останува да се види. Но, познавачите на техонологијата оставаат простор од мобилините телефони да не може да се има целосен увид, особено кај оние корисници кои го го имаат уклучено можноста за автоматско бришење на пораки.
Оттука е дилемата кој ја искористил оваа можност, дали Боки или Заев.
Вториот клучен момент беа прикажаните фотографии од домот на Јанева на кои ба прикажани и 50.000 кои се споменуваа и кога беше притворена.
На фотографиите не можеше да се види кој ги оставил парите ни како таа ги прима, ниту како ги држи, ниту кој ја сликал.
Зачудува наивноста на Јанева да си дозволи да биде фотографирана дома, прилегната на гарнитура со ќебе покрај себе.
Здравствената состојба на Бојан Јовановски се уште не носи сигурност да се тврди дека е целосно здрав ниту дека е болен од карцином.
Документацијата во која имавме увид има наод од лекари од државни клиники кои наведуваат дека тој има рак на желудник и се препорачува соодветен третман и лекување.
Но, судот има добиено извештај од стручен колегиум во кој се вели дека нема елементи кои би укажале дека не е во состојба да го следи судењето .Според судот, хистопатолошкиот наод покажал дека има хроничен гатрит и оти не се најдени малигни промени.
Меѓутоа, на ова реагираше Боки и неговата одбрана.
-Ова е веќе изживување врз мене, ова е манипулација.Мене стручен колегиум не ме прегледа-изјави Боки, а по реакцијата на судијката дека упатува сериозни обвинувања тој само додаде.
Ако сакате и обесете ме.
Неговото инсистирање да ги добие имињата на лекарите остана залудно. За да се отстранат сомнежите, домашните невладини организации кои го следат судењето треба да ја проверат целата ситуација со медицинската документација.
Кога се појави случајот Рекет меѓу првите имиња кои се дознаа беше тоа на адвокатот Васил Дишкков, брат на судијката Димишкова која ги одреди мерките притвор во случајот „Империја“. Првиот впечаток беше дека неговото име се среќава само како посредник кој бара милионски суми евра за добивање поблаги мерки на претпазливост и поинаков тек на целиот процес. Но, по изведувањето на доказите стана јасно дека неговата улога траела во континуитет се до пролетта 2019 година.
Па, така на една од комуникациите меѓу него и Боки тој ќе му напише порака.
Со „мајка“ сум на пат. Ова говори дека шемата на делување на Димишков успешно функционирала а останува прашање дали таа се уште не функционира, Оттука и зачуденоста зошто никој не презема мерки пред адвокатската комора за одземање на неговата лиценца.
Како вистинска пикантерија може да се издвои комуникацијата помеѓу Бојан и новинарот Зоран Божиновски. Покрај обидите за нивно смирување остана забележана пораката од Божиновски до Боки дека Иван Мирчевски неделно реферира во амбасада
Comments are closed for this post.