Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат.Разликата во последниот случај е во тоа што ги злоупотребиле и ставија во служба на партијата едни од најзначајните институции кои треба да се грижат за безбедноста на граѓаните и државата, и тоа, поддржани и потпомогнати од судско обвинителската власт, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче ги злоупотребиле Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност за да го следат и прислушкуваат претседателот Христијан Мицкоски, новинари, бизнисмени, јавни личности.
Со цел хајка и политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски, како и замолчување на гласот на новинарите и уцена на бизнисмени во периодот од 2019-2024 година службите за безбедност и разузнавање работеле за СДС, наместо за државата.

Сознанијата кои ги имаме говорат дека претседателот Мицкоски неосновано бил ставен на оперативна обработка од страна на службите под водство на кадри од СДС, со единствена цел за политичка елиминација.
АНБ и АР водени од кадрите на СДС како Виктор Димовски, Заре Милошески и Еролд Муслиу ја следеле комуникацијата на претседателот Христијан Мицкоски, неговото движење и неговото делување.
Слободата на говорот, на движење и делување се загарантирани со закон и Устав за сите граѓани на Македонија, додека ваквиот начин на злоупотреба на виталните безбедносни институции за следење на политичкиот противник се методи кои ја заробуваат државата и се спротивни на сите закони и прописи.
Овој случај сериозно ја нарушуваат демократијата, но и безбедноста на државата и граѓаните и ваквите методи се крајно тоталитарни, несвојствени за западните развиени демократии.
Но она што од друга страна ја запрепастува македонската јавност е молкот на Јавното обвинителство, иако сите овие информации ги има во подетална форма поткрепени со факти и докази.
Бараме ЈО итно да отвори случај и да бара одговорност раководните лица на институциите во тој период, како и нивните политички наредбодавци во врвот на СДС.
Освен одговорност, очекуваме и одговори дали сегашниот главен јавен обвинител, Љупчо Коцевски бил одговорен да го следи издавањето на ПИМ мерките од 2019 до 2024 година?
Исто така треба да се одговори, кому и зошто му служеле прислушкуваните материјали и дали со добиените информации се тргувало со влијание, се замолчувале новинари и се уценувале бизнисмени?
Со сето ова веќе станува јасно зошто СДС не гласаше за разрешувањето на Коцевски, а можеби и главно обвинителската функција му е награда за сработеното со ПИМ мерките?
Од друга страна Венко Филипче е опкружен со истите луѓе кои прислушкувале и го злоупотребувале државниот систем и денес тие се дел од понудата на партијата.
Comments are closed for this post.