Пред две недели антинародниот пион Христијан Мицкоски, јавно, во интервју призна дека имал повеќечасовна средба со неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски.На таа средба, според признанието и зборовите на Мицкоски разговарале за „иднината“ и „личните моменти“ на осудениот Никола Груевски.

Јавноста основано се сомнева дека пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, знаеле за планот на Груевски, нагласува портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов

Тој бара Мицкоски пред граѓаните  да одговори дали токму на таа средба било испланирано бегството на Груевски

Ние, како и граѓаните, отворено се сомневаме дека досегашната одбрана на криминалот на Груевски од страна на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во функција да му помагнат во неговиот план. Вклучувајќи го тука и бегството.


Терминот „политички прогон“, користен од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под негова контрола, очигледно е со единствена цел, да му послужи како алиби за барањето азил на осудениот Никола Груевски.

Секој во Република Македонија и надвор од неа, знае многу добро, а судските одлуки го потврдуваат тоа, дека нема никаков политички прогон, туку спроведување на правда и правна држава.Оттука, основани се сомнежите. Дали токму антизападниот Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се соучесници во бегството на Никола Груевски?Ги повикуваме сите надлежни институции, конкретно Основното јавно обвинителство да отвори истрага и целосно да се расветли случајот и да се лоцираат сите виновници.Сите сочуесници вмешани во бегството на криминалецот Груевски мора да одговараат пред законите.институции мора да ги искористат сите свои капацитети за Груевски да биде донесен онаму кадешто му е местото – на издржување на казната затвор.