Ако се погледнат изјавитена Никола Димитров но и на сегашниот министер за надворешни работи тие се фокусираат на македонскиот јазик. Каде е тука историјата и идентитетот, никаде не ги споменуваат, со тоа што сериозно треба да излезат и на јавноста да и одговорат за сите овие прашања, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој имаше и конкретно прашање за Димитров.

Еве би го прашал конкретно господинот Димитров, бидејќи неговиот татко е роден пред 1945-та година, дали тој ќе прифати неговиот татко да не биде Македонец, бидејќи сега живее во Македонија се декларира како Македонец, но со Договорот, како што можеме да видеме дека се фокусираат само на јазикот, дали господинот Димитров може да прифати дека неговиот татко може да биде нешто друго, освен Македонец. Дополнително нашиот идентитет се темели на настаните пред 1945 година, кога македонскиот народ се борел за независна држава. За овие прашања треба да говори и Владата на Република Македонија каде што ќе и ги каже јавно на граѓаните сите позиции и се она за што се преговара и што се договора за Договорот кој што треба да биде потпишан помеѓу двете држави.