Миле Јанакиевски, на кого на товар му се става организација на настаните во Собранието од 27 април, денеска даваше заврши зборови во судницата. Тој тврди дека не постои комуникација со било кој пратеник која воопшто би придонел да се случат некакви дејствија наведени во обвинителниот акт.
-Комуникацијата на која се повикува Обвинителството е директна комуникација само со еден пратеник а не со група на пратеници. Тврдењето од лажниот исказ на АВН дека сум давал насоки од осми кат го побивме со сведочењата на поголем број на сведоци меѓу кои: Билјана Бошковска Бришковска и Кирил Божиновски. Преку мислењето на техничкиот советник докажав дека јас со Нинџа не сум бил во ист временски период во штабот па невозможно е да ме видел на 8 кат. Согласно сликите кои ги презентираа моите бранители, Крсто Муковски во текот на изборот на претседателот на Собрание не превзема никакви дејствија ниту пред некој застанал ниту попречил избор на Претседател на Собрание. Согласно изведени докази од вибер комуникација од телефонот на Трајко Велјановски, Талат Џафери е прогласен како претседател на Собранието на РМ само после една минута откако е испратена мојата порака до Крсто Мукоски, а веќе во 18 и 40 согласно вибер комуникацијата на други лица јасно се гледа дека Талат Џафери пред пратениците се обраќа во својство на претседател. Во однос на мојата порака испратена до Микоски „качете се дел во прес салата“, Мукоски согласно доставените докази на одбраната докажавме дека ништо не превзел по истата. Дај боже да постапил согласно мојата порака и да се качел во прес-салата, немаше да ги отвори вратите и масата народ немаше да влезе во Собранието – рече Јанакиески.
Тој потсети дека тројцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се најдоа во прес салата со жив штит ги бранеа колегите од СДСМ кои беа нападнати.
– Во однос на споменатата вибер група сакам да истакнам дека со лицата членови на истата јас сум немал воопшто било каква директна комуникација, ниту сум спомнат во некаква комуникација во таа група за делата што ми се ставаат на товар. Во таа група од мене постои само една порака што е коментар од она што го гледам на медиуми и истата е во период после изборот на Талат Џафери.
Понатаму додава:
Јавното обвинителство со давање на позитивно мислење директно го амнестира Крсто Муковски затоа што ги отворил вратите, акт кој е основа за се она што се случило со немилите настани. А за мене спровеле таканаречен истрага, покренале обвинение, и јас денес седам овде пред Вас за да се бранам за она што Обвинителството го толкува како насоки кои сум ги давал, но внимавајте за насоки за кои никој не ме послушал ниту ги спровел. Неверојатно! Каков организатор на настаните од 27 сум јас кажете ми почитуван судечки совет ако јас не кажувам да се отворат вратите, ако јас кажувам да се оди во прес салата или да се стои пред некого ама Мукоски оди и ги отвора вратите. Само во фикциите на обвинителството јас сум организатор зошто најлесно е Миле да е крив за нештото што фали во еден обвинителен акт.
Comments are closed for this post.