Состојбата во Клиниката за детска хирургија ја опишува општата состојба во здравството во Македонија.

Но, здравствената заштита зависи од повеќе фактори, меѓудругото и од кадрите, така што не само материјалните нешта ја чинат здравствената заштита.Сега многу работи зависат од иницијативата на индивидуалецот, од залагањето на персоналот и хирурзите.Со натчовечки напори успеваме да се справуваме со предизвиците, вели д-р Лазо Јовчески во интервјуто за „Република“.

Детскиот хирург е особено горд на неонаталната хирургија која е екскузивитет на неговата клиника.

Предмет на работа на детските хирурзи е хируршката патологија на пациенти од нула до 14 години.Неонаталната хирургија е наш ексклузивитет.Ние сме по тоа познати, се грижиме за вродените аномалии на децата.Тоа се болести кои се третираат веднаш по раѓањето.Постојат повеќе неонатални вродени маани кај децата. Вродените срцеви маани започнаа да се работат на детската кардио хирургија, но она што остана од тој проект е единицата за интензивно лекување која остана на Клиниката за детска хирургија и тоа е огромен бенефит во македонското здравство.Многу е важна постоперативната интензивна нега. Имавме голема постоперативна смртност а сега е статистички мерлива преживувањето на новородените деца по формирањето на интензивната нега.Потребно е нејзино дооекипирање со анестезиолози-посочува докторот.

Д-р Јовчевски набројува какви сѐ операции прави.

Итна патологија која е најчеста на детска возраст, трумо  локомоторен систем, сообраќајниот трауматизам кој за жал е чест и има многу повредени деца. Работам и градна хирургија, хируршка онкологија и она што ми е најголем предизвик а тоа е неонаталната хирургија.

 

Кај докторот има закажани операции до август, но како што вели ќе гледа листата да ја намали.

Секогаш родителот има право да го одбере докторот, а нашите можности се ограничени, капацитетите се тие што се а изборот на родителот е последен.Некогаш не може родителот да одбере, а тоа се во оние итни случаи.Листа ќе гледам да ја намалиме, односно периодот на чекање.

 

Докторот се залага за задолжителен скрининг на тестиси за машки деца до една година и оти најчестииот проблем со кој се соочува се неспуштени тестиси.

 

 Зошто е важен скринингот во првата година.Најновите студии покажуваат дека доколку тестисот не е во неговото анатомско место и не се спуштил тој страда бидејќи е програмиран да функционира на 33 до 34 степени а централната температура на телото е 37 степени.И доколку се наоѓа на повисока температура тестисот страда дури и по само една година ако не се наоѓа на анатомско место.Тоа води до стерилитет.Затоа секое машко дете во првата година од животот биде прегледано од детски хирург.

Докторот ги посочува главните проблеми во македонското здравство. Тој е убеден дека е потребна регионализација и да не биде сѐ целиот товар на Клиниките во Скопје.

Мора да се воспоствари мерит систем.Пред осум-девет години имаше добра идеја за наградување по успешност меѓутоа со лошо избран модел и непрофункционира.Меѓутоа идејата беше добра.Приватните болници треба да постојат и нормално е пациентите некогаш да бараат подобри услови.Дали јавното здравсто ќе се приближи до приватното не знам, но мора да изградиме мрежа на здравствени услуги, т.н здравствена мапа и мора да има т.н клинички патеки и секој однапред да знае без разлика каде живее при одредено заболување каде да се обрати и во која установа.Регионалните центри се дел од таа здравствена мапа.Најчестиот третман на пациентите во внатрешноста е „ќе го пратиме во Скопје“, за жал.Во Скопје треба да се лекуваат само тешките пациенти. Најголемиот дел на здравствени услуги пациентот треба да ги добие што поблиску до местот на живеење.Компицираните случаи е во ред да се испратат во Скопје.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески