Ако споредиме колку млади се дружат навечер, се спроведува без мерки на заштита и ако споредиме колку луѓе одат на работа со јавен превоз, гледаме луѓе натискани како сардини, јавниот транспорт е втор, ако не и прв по ранг ризик фактор за ова што ни се случува со пандемиската криза. Автобусите, крајно време е да се зголеми бројот на автобусите, да се регулира бројот на патници кои влегуваат. Да се направи скалесто работно време, па во различно време да се качуваат луѓето во автобус. Исто така, во Источна Македонија конфекциите го разгореа вирусот. И тој момент треба да се земе во предвид вели д-р Драган Даниловски, епидемиолог во Студио 10 на ТВ24.
Д-р Даниловски предлага скалесто работно време, за да се спречат турканици во автобусите
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.