Хаос во Собранието на Црна Гора

Црногорските пратеници до Џафери: Срам да ви е – терорист што пукаше во македонски полицајци (ВИДЕО)

01.03.2019 / 19:45


Спикерот Талат Џфери присуствуваше на ратификацијата на Протоколот за членство на Македонија во НАТО, но за опозициските народни избраници во црногорското собрание, тој не беше добредојден.

Лидерот на Нова српска демократија Андрија Мандиќ рече дека неговата партија нема да го поддржи протоколот за пристапување на Македонија во НАТО и им приговараше на пратениците од ДПС, кои свечено го дочекаа Џафери.

„Тој е најпознат по носењето автомат и пукањето во македонски полицајци. Срам да Ви е – рече Мандиќ.

И пратениците Јован Вучуровиќ и Милун Зоговиќ му рекоа на Џафери дека бил член на терористичка организација.

Дел од црногосрките пратениции бараа да не се гласа за Протоколот за Северна Македонија во НАТО бидејќи е против волјата на граѓаните изразена на референдум.

На референдумот излегле вкупно 36,89 проценти, тоа е фијаско. Тоа не е неуспех! Значи, народот на Македонија го одби протоколот за кој ние денеска гласање и вие на нас во Црна Гора ни го претставувате ова како свечен чин и треба да учествуваме во верификација на ненародната волја во Македонија. Тоа е срамно, изјави пратеникот на Демократски фронт, Славен Радуновиќ.

 

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Кој ќе го купи? „Аудито“ на Мерко се продава за 10.000 евра

пред 3 часа
Македонија

Вака треба да изгледа првата подземна сообраќајница „Македонија“

пред 22 часа
Македонија

Мицкоски најави: При крај на оваа пролет ќе се набават камионите за „Комунална хигиена“-Скопје

пред 23 часа
Македонија

Тошковски: Ќе има известување и за тие што ја пречекориле законски дозоволената граница, но без казнување

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски до СДСМ: Не може да победам место вас на избори

пред 3 дена
Македонија

Касно Венко во Брисел стигнува

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Уставни измени нема да има, додека сум јас претседател на Владата

пред 4 дена
Македонија

Во „1000 зошто 1000 затоа“ не пишува дека Филипче треба да ги контролира медиумите

пред 4 дена
Македонија

Што пие и јаде ДИК: Маричиќ е нов претседател

пред 5 дена
Македонија

Филипче е подготвен за избори!

пред 5 дена