Мојата посета тука е прва официјална на грчки премиер во вашата земја. Изгубивме многу време. Мора да трчаме и брзаме бидејќи изгубивме три децении. Мора да ги преминеме сите овие јазови и да ги премостиме. Да преминеме од историја на војни и наратив на поделби и да се обидеме да изградиме нов наратив, на заедничка соработка и раст“. Ова денеска го изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.
Цирпас, нагласи дека Грција ќе продолжи со поддршката на Северна Македонија во нејзините напори да продолжи со неопходните реформи и да стане дел од ЕУ.
Нашата официјална посета денеска претставува историски чекор напред на Балканот и Европа. Ние сме тука да најдеме решение и да гледаме напред, да градиме мостови наместо ѕидови“, изјави Ципрас.
Посочи дека на ниво на дипломатски односи создале амбасади и ќе ги заменат контакт точките што досега ги имале.
Пред неколку месеци Грција беше првата држава што го ратификуваше пристапниот протокол за вашата држава кон НАТО, а денеска потпишавме меморандум за разбирање и унапредување на претпристапните и пристапните процеси на Северна Македонија во ЕУ, порача Ципрас.
Нагласи дека најважното прашање на денешната средба била економијата, зошто, како што рече, мора да забрзаме и ги премостиме јазовите од минатото, како и да избегнеме двојно оданочување.
Покрај тешкотиите има многу грчки претприемачи кои во моментот работат и се активни во Северна Македонија. Сепак, мојата делегација носи со себе повеќе од стотина претприемачи се со цел да се постигне подобра соработка и односи во иднина. Воспоставивме и координативен комитет за наша соработка, што ќе врши надзор и ќе ги поддржува таквите потфати во рамки на економските односи“, изјави Ципрас.
Договорот за одбрана потпишан меѓу двете МНР, посочи Цирпас, претставува доказ за волјата на Грција да помогне во градењето на одбранбените можности и капацитети на Северна Македонија.
Оваа соработка е важна и опфаќа повеќе сектори. Тука се обуката, одбранбената индустрија, сајбер одбраната, военото разузнавање, како и воздухопловната политика“, изјави Ципрас.
Грција, продолжи Ципрас, ќе врши обука на воздушната контрола преку Солун, со цел да се гарантира безбедноста на летовите над воздушнот простор на Северна Македонија.
За да имаме цврсти темели за соработка меѓу двете земји што ќе опстојат низ времето, Ципрас посочи дека мора интензивно да работиме за точно спроведување на Договорот од Преспа.
Во овој краток период ние преземавме големи чекори напред и така треба да продолжиме и во иднина“, изјави Ципрас.
Посочи дека е важно да има институции во двете земји што ќе соработуваат меѓусебно и ќе вршат надзор во спроведувањето на договорот.
Comments are closed for this post.