Опозициската Нова Демократија бара од грчкиот премиер Алексис Ципрас да распише избори. На овие избори според грчката опозиција граѓаните јасно би покажале дека се против договорот од Преспа.
Портпаролката на најголемата грчка опозициска партија и европратеничка, Мариа Спираки, го повика Ципрас да распише избори „за народот да го поништи договорот“.
Во однос на скопското прашање, наместо да прашува што ќе прави Нова демократија ако го ратификуваат договорот тој самиот и неговите партнери што му стојат на располагање, нека го стори она што се подразбира. Избори сега за граѓаните да го поништат договорот со гласањето
Нова Демократија за Ципрас му забележува дека со поддршката на договорот тој на Скопје му отстапува „македонска националност“ и „македонски јазик“.
Comments are closed for this post.