Откако менаџерот на 1ТВ, Бојан Јовановски, е во притвор како првоосомничен во случајот „Рекет“, расте интересот во јавноста што ќе се случува со телевизијата и новинарите кои таму работат.
Гостувајќи во радиото Канал 77, новинарот Александар Чомовски изјави дека не знаел оти Јовановски бил под посебни истражни мерки неколку месеци, што значи дека Јовановски веројатно со судски налог бил прислушувал од надлежните.
Доколку Бојан бил под ПИ мерки и бил прислушуван, значи дека сме биле и ние прислушувани. Ние сме се слушале со него еднаш два дена во просек, да се договориме за емисиите и слично – изјави Чомовски.
Во емисијата телефонски се вклучи и адвокатот Александар Тортевски, па го запраша Чомовски како такви новинарски имиња какви што имаше во 1ТВ не знаеле од каде му се парите на Јовановски.
Ние не сме ниту адвокати, ниту УЈП – одговори Чомовски и возврати со контра-прашање дали вработените кај адвокатот Тортевски знаат од каде му се нему парите.
Чомовски додаде дека не му е јасно како еден бизнисмен како Орце Камчев би можел да се исплаши од човек како Бојан Јовановски, алудирајќи на тоа дека во овој случај играта е многу поголема.
Comments are closed for this post.