Би сакал одговорно да и соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката, се нема случено, бидејќи, без исклучок, не сум таков човек, кој влегува во такви разговори. Мојот животен пристап секогаш бил да помагам на луѓе во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно споменување на моето име, вели Ванчо Чифлиганец во неговата официјална реакција.
Името на Чифлиганец се споменува во денешното видео од случајот “Рекет“ во кое, наводно, тој побарал од Орце Камчев дуќан за стоматолошки ординации за специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова.
Comments are closed for this post.