Четири лица од градежна фирма од Велес, кои извршувале градежни работи со брусалица, се приведени во СВР Велес под сомнение дека го предизвикале пожарот што денеска избувна над езерото „Младост“.
Се разговара со лицата и тие ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат за МИА од СВР Велес.
Како што информираат од ТППЕ Велес за МИА, шумскиот пожар е се уште активен. Локализиран е пожарот кај селото Новачани, а во моментов гори покрај патот за езерото.
Нема опасност за куќи и викендици. Во моментов горат трева, трње и бор.
Противпожарната бригада на Град Скопје излезе во пресрет на барањето на Општина Велес и ќе помогне во гаснењето на пожарот во Велешко.
Comments are closed for this post.