Пред неколку дена се навршија четири години од владењето на Зоран Заев. Како никогаш досега еден премиер немал толку бурен мандат. Промена на име, договор со Бугарија, неколку „добиени“ датуми за прегори, корона криза.

Првите две години од доаѓањето на власт Заев ги посвети на меѓународен план и за тој период го смени името на државата и покрај неуспешниот референдум и „купувањето“ на неколку пратеници од опозицијата.

Сепак, многу поопасен за државните интереси беше договорот со Бугарија чии последици ги гледаме денеска со инсистирањето на официјална Софија да прифатиме дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, а Македонците до 1944 година биле Бугари.

Потпишување на Договорот за добрососедство, 2017 година

Овие услови се наведени во бугарската декларација а дали Заев е подготвен да го прифати ќе се види во следните десетина денови.

На домашен план на Заев му се случи, аферата „Рекет“,  короната и неспособноста да обезбеди вакцини па Македонија се уште е на дното по број на вакцинирани а на врвот по починати со над 5.000

Иневестиции нема, но затоа цвета соработката со ДУИ. По кратката криза во „врската“ кога партнерот од Мала Речица како услов да влезе во владата го постави барањето за Албанец.

Тоа не им успеа па затоа сега Ахмети за утре подготвува ново изненадување за што има „благослов“ од Заев.

Останува да се види што овојпат приредува партнерот на Заев и дали со тоа ќе му помогне да купи уште некоја година власт, нешто што и двајцата најмногу го сакаат.