Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед.
Во пресрет на празникот кој го потенцира дарувањето и солидарноста, посакувам и годинава Курбан бајрам да го поминеме во здравје, благосостојба и хармонија, помагајќи им на сите на кои им е потребна помош, поткрепа и безусловна љубов.
Дозволете да ја искористам оваа можност да Ве повикам и понатаму посветено да работиме на разбирањето и меѓусебното почитување без разлика на верска, етничка или која било друга припадност. Верувам дека со заеднички усилби конечно ќе изградиме едно општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и слободен. – се вели во празничната честитка.
Претседателот Пендаровски, по повод Курбан бајрам, упати честитка и до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.
Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Курбан бајрам.
Посакувам Исламската верска заедница и понатаму посветено да ја извршува својата мисија грижејќи се подеднакво за сите свои верници и да придонесува за развиена, просперитетна и демократска Република Северна Македонија. – вели претседателот Пендаровски.
Comments are closed for this post.