Проф. д-р Тодор Чепреганов излезе со реакција на текстот на  Александар Јорданов во кој бугарскиот пратеник тврди дека  востанието на 11 октомври во Прилеп го кренале  терористи.

Пишувате дека на „11 октомври 1941 година неколкумина терористи, кои подоцна ќе бидат наречени ‘борци од Првиот прилепски партизански одред’ ја напаѓаат полициската станица во градот Прилеп и ги пресекуваат телефонски жици. Тие убиваат татко на три деца“. И за да додадете малу повеќе патетика, емоција и емпатија па во продолжение велите „зацрнето е добро семејство што верува во Бога. Три деца остануваат сираци“. Сигурно дека убиениот е Бугарин. И не само за вас туку и за секој еден кој добро ја познава воената историја и терорија му е јасно дека војникот носел бугарска униформа и чувал стража пред бугарскиот участок и ја симболизира бугарската фашистичка власт и окупација па и да бил Македонец, Србин, Ром, Албанец или Влав. Униформата не прави разлика во националноста, етничката припадност-пишува Чепреганов за „Пресинг ТВ“.

Чепреганов нема дилеми дека сите кои ја носеле таа униформа биле окупатори на македонскиот народ.

(Не)почитуван Јорданов македонските партизани кои излегоа на 11 октомври 1941 година, во добро припремена акција под раководство на Покраинскиот комитетет на КПЈ за Македонија и на Местниот комитет во Прилеп, а на 12 октомври и во Куманово излгоа да се борат против наци-фашизмот на Германија, Италија, Унгарија, Бугарија и други фашистички држави. Војникот кој што беше убиен пред участокот носеше униформа на наци-фашистичка Бугарија. Македонските партизани пукаа во униформата на војникот што ја носеше што беше олицетворение на наци-фашизмот, окупацијата и идентитетското обезличување. Велите дека човекот кој е убиен оставил три деца сираци?! Со ова само покажувате дека немате ни малку морал, етика.

Тој му посочува на Јорданов дека наци-фашистичка војска убиваше не само родители на деца кои не можеа да им се израдуваат и да гледаат како стануваа возрасни, со свои деца и на старост да се грижат за нив, туку ТВОИТЕ сонародници во бугарски униформи убиваа деца коишто само што беа зачекориле во младоста.

Не им дадовте да ја изживеат и да се радуваат на она што го носи младоста. Не само што ги убивавте туку за да влеете страв кај македонскиот народ ги масакриравте до непрепознавање. А тоа го правевте затоа што беа комунисти и антифашисти и се бореа за самостојна македонска држава со Македонци, со македонски јазик. Тоа Ви сметаше. Само да Ве потсетам на бугарското учество во едно од најголемите злосторства во историјата на човештвото – Холокаустот. Вашата, како што самите ја нарекуваа бугарските комунисти монархофашистичка влада, а јас би додал и нацистичка, цар Борис, Филов, Габровски, Александар Белев и др. испратија во смрт 7140 Евреи од Македонија во логорот на смртта, Треблинка. И познато Ви е дека сите до еден беа убиени. Ако не знаете, да Ви кажам, 2000 од нив беа деца. Може да замислите 2000 деца!? Зборувате за три деца кои останале сирачиња. Како не Ви е срам. Зар имате малку совест. Тие останале живи. Продолжиле со животот. Но 2000 еврејски деца ја немаа таа среќа да му се радуваат на животот. Тоа им го ускрати Вашата бугарска-наци фашистичка политичка гарнитура. Сигурно дека родителите на тие еврејски деца би се жртвувале само децата да останат живи. Но Вие немавте милост ниту за тоа. Бевте немилосрдни џелати.

Чепреганов укажува дека прехтодниците на Јорданов се претходници со идеите на наци-фашизмот беа тие кои вршеа државен тероризам врз македонскиот народ, Евреите и сите останати антифашисти кои ви се спротиставуваа беа убивани без преседан.

Велите дека „оваа антибугарска акција денеска се слави како официјален државен празник во Република Северна Македонија“. Сигурно се чувствувате погоден, зошто како што велите тоа е антибугарски гест. Како гледате Вие на тоа е Ваша работа. Но едно треба да Ви биде јасно таа акција не е само антобугарски гест, таа акција е АНТИ-НАЦИ-ФАШИСТИЧКИ гест. Со таа акција на тие млади македонски партизани на 11 октомври 1944 година, македонскиот народ обзнани пред светот дека се става на страната на АНТИФАШИСТИЧКАТА КОАЛИЦИЈА и дека со останатите анти фашисти ќе се бори против силите на Оската. А Вие бевте дел од Оската. Таа борба беше крунисана со формирањето на македонската држава на АСНОМ на 2 август 1944 година, а Вашите „ослободители“ и „администратори“, преку трупа ја напуштија Македонија некои дури и на „бели гаќи“. Од тие причини 11 октомври ќе остане еден од најсветлите и најголеми празници на македонскиот народ.

Понатаму велите дека „прославувањето на нападите врз Бугарите, прогласувањето на Бугарите за фашисти и окупатори не ги подобрува билатералните односи“. (Не)почитуван Јорданов како може да зборувате за „подобување на билатералните односи“ кога не признавате македонска нација, јазик и култура и барате да се обезличиме до 1944 година како Бугари и дека сме Коминтерновска и Титова творба. Тоа е надвор од здравиот памет. Тоа е невозможна мисија.

П. С. На крајот велите дека „Криминалци кај нас како и во Македонија беа само комунистите“. Значи Вие сте израснале во криминална држава, период 1944-1991, кој не го признавате, и сте се оформиле како личност во таа држава. Заклучок: Вие сте криминалец, а на криминалец никој не му верува бидејќи тој останува криминалец до крај.

П.П.С. За разлика од кај Вас во Македонија македонските комунисти се спротиставија на наци-фашистичкиот бугарски окупатор и окупацијата, истиот го поразија сами, формираа македонска држава и во периодот од 1944 до 1991 година го афирмираа во светски рамки македонскиот национален идентитет, јазик и култура. Заклучок: Темелите кои македонскиот народ ги постави со востанието од 11 октомври 1941 година, под раководство на комунистите, ќе бидат фаќел кој вечно ќе сјае над македонската држава.
СМРТ НА ФАШИЗМОТ –СЛОБОДА НА НАРОДОТ.