Пред посетата на Македонија и средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, неговиот твитер профил напиша дека од секогаш ја поддржувале Македонија и ќе продолжат да го прават тоа, но очекуваат конкретни чекори во однос на ФЕТО и оти тоа е важно за Анкара, но исто така и за иднината на Скопје.


Чавушоглу престојува престојува во дводневна официјална посета на Македонија, а според официјалната најава за средбата, главни теми на разговорите ќе бидат севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес.

Министерот Чавушоглу треба да се сретне и со претседателот на Владата Зоран Заев и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.