Завршни зборови за 27 април

Чавков: Со многу сведочења се потврди дека сум клучен за спасување и воспоставување на состојбата во Собранието

15.02.2019 / 16:42

Фото: Миа

Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков обвинет за насилството во Собранието од 27 април денеска во судница ги кажа завршните зборови. На почетокот тој рече дека долго размислувал дали да даде завршен збор.

Според него обвинителството не требало да води посебни случаи туку една и единствена предистражна постапка за 27 април, бидејќи како што потенцираше вистината за 27 април е една и не може да се склопи како мозаик од парцијални истраги.

Чавков посочи дека во 19 часот дал наредба на Наумовски, кој сега е сведок од застапникот на обвинението со сите расположливи сили да интервенираат во Собранието и да се пробијат силите до прес салата број 3 за заштита на нападнатите пратеници, новинари и полициски службеници, тој дополнително кажа дека околу 19.10 часот издал наредба на Пешов, додека трае интервенцијата внатре во Собрание да обезбеди дополнителни сили и наредба штом бидат подготвени веднаш да се приклучат кон интервенцијата која била во тек.

„Од доказите, очигледно е дека раководењето со операцијата за воспоставување на состојбата ја преземам лично јас уште пред мое пристигнување во штабот односно уште од самото прескокнување на заштитните огради, и од мене се издадени сите наредби за примена на полициски овластувања, вклучително и употребата на шок бомби во затворен простор кои придонесоа за спасување на пратениците, дислокација во безбедни простории, создавање услови со воспоставување коридор внатре и надвор од објектот за евакуација како и наредба за распоредување на дополнителни полициски сили. Со многу сведочења се потврди фактот дека сум клучен за спасување и воспоставување на состојбата во Собранието“, кажа Чавков во завршните зборови.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Тошковски смирува: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево кој е локализиран

пред 3 часа
Македонија

Се затрупува локацијата во Трубарево

пред 5 часа
Македонија

Препораки од Институтот за јавно здравје: Затворајте ги прозорците и вратите, климите да не ви вовлекуваат надворешен воздух

пред 7 часа
Македонија

ДУИ ќе го прави проектот „Чаир 2040“

пред 7 часа
Македонија

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево

пред 8 часа
Македонија

Филипче имал конкретно решение за Вардариште

пред 8 часа
Македонија

Фото галерија од пожарот во Трубарево (ФОТО)

пред 9 часа
Македонија

Мицкоски му одговори на Филипче: За декласифицирање на прислушуваните материјали не одлучувам јас

пред 1 ден
Македонија

Во ќелијата на Васев пронајдени три мобилни телефони, тој тврди дека не се негови

пред 1 ден
Македонија

Главчев потврди дека е рекетираниот бизнисмен: Сакам да верувам во правда и дека конечно бандата на СЈО ќе се распадне

пред 2 дена