Денеска за собраниските настани сведочеше поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков. Тој истакна дека на 27 април 2017 бил директор на БЈБ и дека тој ден не бил невообичаен и оти со работата завршил околу 15 часот по што имал некои приватни обврски.

Во зградата на Технометал каде имал канцеларија добивал информации за случувањата пред Собранието.

Тој објасни дека отворањето на вратите било изненадување за сите. Освен со полициските службеници немав комумикација со Ристовски и Јанакиески.

Немав комуникација со нив ни пред 27 април ни на 27 април ни по 27 април. Немав никаков контакт – рече Чавков.

Вечерта на 27 април единствената комуникацијa ја имал со Никола Груевски кој бил многу загрижен за случувањата во земјата.

Ококу 20 и 30 часот ми се јави Груевски кога веќе ја имавме контролата во Собранието и дадов наредба да се пуштаат шок бомби – објасни Чавков.

Според хиерархијата, објасни Чавков, раководител на оперативниот штаб бил Бесир Деари, кој бил негов заменик.

Но, бројот на полицајци кои беа планирани не кореспондираше со тие кои беа пред Собранието – откри Чавков.