Верувам во промени, промените секогаш носат добри работи, но исто така верувам во одлуките на премиерот и сигурна сум дека ќе ги направи врз основа на учинок на секој од нас како министри и врз основа на задоволството на граѓаните, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа кои се нејзините очекувања од вечерашната седница на Централен одбор на СДСМ.
– Сметам дека одлуките кои ќе ги донесе премиерот се соодветни и дека врз основа на се што сме направиле тој ќе процени дали е добро, дали е лошо, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за имплементацијата на социјалната реформа
Comments are closed for this post.