Реформите за ран детски развој, образованието и вложувањето во младите од најрана возраст е целта на посетата на министрите за труд и социјална политика, за здравство и за образование и наука, Мила Царовска, Венко Филипче и Арбер Адеми и преставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс, кои се на студиска посета на Обединетото Кралство.
Во Бирмингам, владината делегација остварила средба со Дејвид Иствуд, проректорот на Универзитетот во Бирмингам и директорот на Центарот за карактерно образование при универзитетот Џејмс Артур.
На средбата било разговарало за реформите во раниот детски развој и образованието и соработката во тој дел, вложувањето во младите од најрана возраст и создавање човечки капитал кој ќе придонесува за развојот на државата.
„Министерството за труд и социјална политика започна опсежна реформа за подобрување на пристапот до квалитетно предучилишно образование во земјата. Заедно со УНИЦЕФ спроведуваме програма со која децата и воспитувачките веќе ги прават првите чекори во социо-емоционалниот развој. Искуствата на Обединетото Кралство во обезбедување интегрирани сервиси за поддршка на секое дете и секое семејство ќе ни помогне во обезбедување еднаков старт во животот за секое дете. Како Влада, веќе ја спроведуваме социјалната реформа. Со оваа реформа даваме повеќе пари на семејствата и додатоци за децата, но истите ќе треба да ги пуштаат своите деца редовно во училиште бидејќи образованието е многу важно во создавањето на квалитетен човечки капитал којшто за секоја држава значи силен економски раст“, рече Царовска.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека искуствата од образовните системии покажуваат дека реформите кои ги спроведуваме со имплементирање на препораките од Извештајот на ОЕЦД во основното образование се одлична работа која се работи во периодов. Сепак образованието повеќе нема третман на потрошувач, туку третман на основен столб за развојот на општеството.
„Оваа студиска посета дојде во значен момент за Министерството за образование и наука и за мене како министер, бидејќи изминатиот период активно работиме на реформите во основното образование низ еден инклузивен процес со вклученост на сите засегнати страни и чинители со добра волја, одговорност и желба за придонес заедно со УНИЦЕФ. Кариерниот и професионален развој на наставниците, реформата на приправничкиот испит, надворешната евалуација, инклузија и внесување на сите деца во образование, развој на националните стандарди, коишто понатаму се основа за менување и развој на нови наставни програми и создавање на кохерентен образовен систем се неколкуте работи кои треба да придонесат за подобро образование за секое дете“, рече Адеми.
Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со преставници од Националните здравствени услуги и разговараше за реформите во здравството.
„Студиската посета е одлична можност за унапредување на меѓусекторската соработка и размена на искуства од веќе воспоставени програми во Обединетото Кралство за унапредување на здравјето и развојот на децата. Искуствата од Обединетото Кралство покажуваат дека со препознавање на несаканите искуства во детската возраст и нивна превенција се создаваат здрави индивидуи кои што можат да го спречат интер-генерацискиот пренос на насилство и сите последици кое тоа ги предизвикува по здравјето и благосостојбата на децата“, рече Филипче.
При посетата остварни се повеќе средби со централните и локалните власти во Глазгов и Единбург, Комесарот за детски права – искуства во делот на обезбедување заеднички здрвствено социјални услуги за поддршка на семејствата во ризик, превенција и рана идентификација на насилството врз децата.
Comments are closed for this post.