Да создадеме свет каков што замислува секое дете. Да обмислиме подобра иднина. Вреди да ги исполниме детските соништа за искрени детски насмевки, порачува министерката за образование и наука Мила Царовска по повод Светскиот ден на детето.
Осветлувањето на зградата на Министерството во сина боја е само потсетување на тоа дека сме овде и ги правиме сите напори да обезбедиме подобра иднина за сите деца. Корона кризата е еден вид тест на човештвото. Ни даде можност да видиме до каде сме, да ги потврдиме приоритетите и да тргнеме уште побрзо напред. Да го замислиме светот што сакаме да го создадеме. И тоа треба да го направиме сите заедно. Најважно од сѐ заедно со младите, бидејќи овој свет им го оставаме токму ним, вели Царовска.
Comments are closed for this post.