„Југословенскиот комунистички режим изгради етничка идеологија за која што денес Скопје се труди да добие европска легитимација. Дали некој и го сменил односот на Бугарија кон тоа „наследство“ во Скопје, не знам. Но знам дека големиот број анкети меѓу Бугарите велат дека 80 % од луѓето го поддржуваат настојувањето РС Македонија радикално да го ревизира своето тоталитарно минато и наследената од Југославија етничка државна идеологија“, изјави поранешниот прв дипломат на Бугарија и амбасадор во Велика Британија Марин Рајков во интервју за бугарскиот дневен весник Капитал.

Според Рајков земјите од ЕУ почнуваат да го разбираат настојувањето на Бугарија РС Македонија да ги спроведува своите меѓународни ангажмани и поконкретно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.
Тие македонски Бугари не се и нема како да бидат малцинство во својата земја. Тие се државотворен народ, дел од бугарскиот етнос на територијата на новата држава. Заедно со целата бугарска нација, тие се носители на општата историја на Бугарија и РС Македонија. Тие треба да се видат себеси во Собранието, во власта, во учебниците по историја и во медиумите. Децениските репресии против нив треба да бидат разобличени а архивите на УДБА отворени. Семејствата за жртвите треба да добијат отплата“, вели Рајков во интервјуто за Капитал