Еден од учесниците во каменување на Македонскиот клуб во Благоевград е осомничен во истрагата во Франција за организирање на акции а дестабилизација на Франција.
Франција почна судење на четворица Бугарски државјани кои се товарат за спроведување на илегални операции организирани од Русија, објави денеска агенцијата БГНЕС.
Николај Иванов кој претходно во Февруари 2023 година заедно со други три лица го вандализираше Македонскиот клуб во Благоевград.
На 11 септември, францускиот суд отворил расправа за случајот со 35 црвени отпечатоци од раце направени со шаблони на ѕидовите на споменикот на Холокаустот во четвртиот арондисман во Париз на 14 мај 2024 година.
Судот ја потврди хипотезата за манипулативен чин, чија цел била да изгледа како антисемитска манифестација. Црвените раце потсетуваат на епизода од израелско-палестинскиот конфликт поврзана со линчувањето на двајца израелски војници во Рамала во 2000 година. На рочиштето во четврток, одбрана на Бугарите ги претставиле како градежни работници кои работат на повеќе дестинации низ Европа.
Comments are closed for this post.