Специјалниот пратеник на Владата, Владо Бучковски оствари работна средба во Софија со истакнати културни дејци од Република Бугарија, на која соговорниците изразиле согласност дека развојот на културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвива во добра насока.
На средбата, која се одржа вчера во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, во услови на почитување на сите мерки за справување со пандемијата од КОВИД-19, присуствувал и директорот на КИЦ, Сашко Насев.
На средбата, како што информираат од КИЦ, соговорниците постигнале согласност дека развојот на културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвива во добра насока, но дека е потребно збогатување со конкретни проекти и интензивирање на средбите меѓу луѓето од областа на уметноста и културата, а било истакнато и дека преку областа на културата и контактите ќе може да се очекува најмногу позитивизам во меѓуодносите на двете држави.
Comments are closed for this post.