За една година Македонија направи сериозен исчекор во својата евроатлантска иднина, изјави професорот Владо Бучковски, поранешен премиер и министер за одбрана во емисијата „Светот е бизис“ на бугарската „Блумберг ТВ“.

Референдумот за името е историски момент за Македонија, насочен е кон изборот за приклучување кон ЕУ. За жал, договорот со Грција беше единственото можно решение за да ја отвориме врата на ЕУ. Јасно е дека над 700 илјади граѓани на Македонија ќе гласаат „за“, но засега не се знае дали ќе се обединат оние кои се против, вели Бучковски.

Тој се согласува дека актуелниот референдум е продолжение од оној од 1991 година.

Тогаш се боревме за независност, денеска се бориме да бидеме дел од НАТО и ЕУ. Ќе ја потврдиме својата државност, дециден е Бучковски.

Според неговата проценка, дадена во емисијата, во моментов во Македонија има од 1.300.000 до 1.350.000 гласачи. Од друга страна, 250.000 до 300.000 се неопределени гласачи кои не веруваат во политичарите и соодветно на тоа и веројатно и не гласале на последните избори.

Верувам дека моменталната капања ќе им даде поттик да излезат на гласање, рече поранешниот македонски премиер.

Според него, во овој момент името Републка Северна Македонија е компромисот што излега единствено логично можен.

Ако референдумот не успее нема да се распаднеме, но Македонија ќе почне сама да гние изолирана. Се повеќе млади луѓе ќе ја напуштаат Македонија и нема да бидеме атрактивни за инвеститорите. Овој референдум е важен имајќи го предвид тоа што се случува во Албанија, Романија, Бугарија, како држави членки на НАТО и ЕУ. Ова е повеќе од обичен референдум. Ова е уникатна можност, вели Владо Бучковски во интервјуто за бугарската „Блумберг ТВ