На темата за која Георгиевски излезе јавно ние дебатиравме на последната средба кога разговарав со него, на две три недели пред јас да бидам именуван за специјален претставник на Владата. Ова не се нови ставови на Георгиевски. Тие заслужуваат внимание и аргументирана расправа. Нам ни треба подготовка на домашната јавност за темите кои ќе се наметнат во периодот кој претстои, а тоа се темите за заедничката историја. Ние и во владината коалиција имаме коалиционен партнер кој ја форсира темата за заедничката историја, имаме коалиционен партнер, Павле Трајанов, кој вели дека немаме заедничка историја, така што умешноста на премиерот, на Владата е во овие околности кога во јавноста имаме атмосфера на говор на омраза, омаловажување на Георгиевски без сериозни аргументи, да имаме сериозна дебата, иако мислам дека во овој момент таа дебата треба да се води со изложување на аргументи. Моето искуство во изминативе три месеци покажува дека имаме кристално јасна позиција на македонскиот јазик и идентитет, т.е на реалноста. Признавањето на реалноста дека постојат различни народи кои говорат различни јазици. Од друга страна е инситирањето од бугарска страна дека треба да се соочиме со заедничката историја, а не само да повторуваме дека имаме заедничка историја. Што е тоа од заедничакта историја согласно договорот, кои се тие настани и личности кои потврдуваат дека во миантото потврдуваат дека сме имале такви заеднички моменти кои треба да бидат во нашата заедничка иднина. Еден е ставот на Герогиевски, друг е да речеме ставот на МПЦ, која во ноември 2017 повикувајќи се на заедничката црковна историја побара БПЦ да биде црквата мајка, изјави Владо Бучковски во „Утирнски брифинг“.
Тој соопшти дека вчера бил потпишан договорот помеѓу Македонскиот телеком и Бугарската национална телевизија.
Се надевам дека утре ќе биде присутна бугарската национална телевизија и ќе биде добро и пошироката македонска јавност да се запознае со политиките на главните политички фигури во Бугарија, рече Бучковски.
Comments are closed for this post.